„Знаењето не е доволно; мора да се примени. Имањето желба не е доволно; мора да се направи.“
~ Johann Wolfgang von Goethe
Друштвото за интелектуални услуги Л5 ДООЕЛ Скопје е регистирано на 18.02.2020 година. Иако компанијата постои краток период, сепак зад нас стојат години на искуство, стекнато во теоријата и праксата, со илјадници часови искористени во практична примена на стекнатите знаење и искуства. После долги години поминати на различни позиции и функции во делот на финансии, правните науки, економијата, членовите на нашиот тим се охрабрија да се обидат да се она што стекнале како искуство во целокупното свое работење го стават на располагање на Вас, нашите потенцијални клиенти. Најразлични експертизи од различни делови на работењето на било кој субјект, анализа на состојбите, реорганизација на работењето, на деловните процеси, управувањето со промени, кое дефинтивно се покажува како една извонредно важна област од ефикасното управување, потоа пренесување на нашето знаење преку организирање на обуки, семинари, предавања. И секако советодавна услуга во огромен број на области на работење. Нашата филозофија на работење Think Out of Box ќе Ве направи различни од другите, со сопствена препознатливост, уникатност и ефикасност.
Експертизи, поставување на процеси, најразлични видови на советување, поставување на tailor-made решенија, разни видови на обуки ….. нашите експерти се тука за Вас.
трендовите доаѓаат и заминуваат. Дијамантите се вечни
Ние во Л5 ДООЕЛ сме тука да обезбедиме ефикасни, елегантни и најсоодветни решенија со кои сите – и навистина мислиме сите – ќе можат да ги зголемат ефектите во своето работење. Нашиот производ е алатка, средство со кое секој бизнис ќе може да извлече максимум ефикасност, организација и бенефит по сите основи. Го споделуваме нашето искуство и знаење со Вас.
Да бидеме решение за секоја Ваша бизнис потреба. Заедно да размислуваме надвор од кутијата (Think Out of Box), за да ги зграбиме најдобрите решенија за Вас.
- Посветеност
- Иновативност
- Вклученост
- Tailor-made решенија
- Посветеност кон клиентите
- Уникатност
- Интегритет
- Тимска работа
- Квалитет









